(ФОТО) „УЛОВЕН“ ОХРИЃАНЕЦ КАКО ЛОВИ КРАП СО ХАРПУН Ја нападнал и полицијата којашто интервенирала

Министерство за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден објави дека во 4 часот изутрина, кај месноста Грашница во Охрид, лишен од слобода бил 38-годишен охриѓанец.

1,632

Сакајќи да фотографира ново семејство лебеди, жител на охридското село Грашница регистрирал човек кој лови крап со харпун.

Тој, како што е напишано на социјалните мрежи, отпрвин не бил сигурен, но добил потврда од жител на населбата дека се работи за индивидуа која лови крап со харпун.






Практиката според информацијата на социјалните мрежи траела извесно време, обично пред стемнување, кога крапот се спуштал на мрест.

„Ова не е првпат, и не е само на оваа локација, постојат повеќе сведоштва. Повторно се десеткува риба при мрест, на начин кој е забранет со закон“, истакнуваат од невладиното здружение „Охрид СОС“.

Инаку, во Законот за рибарство и аквакултура, член 93 (Забрани) е наведено дека во риболовните води е забрането „ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа“, како и „ловење риби со ости, подводни пушки, непосредно со раце, трокуки, како и со мрежичка на трска, а за рекреативен риболов“.

„Дополнително, во член 112 е предвидена глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противредност ако физичко лице „лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој“, „и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93)“, пишува во објавата на Охрид СОС.

Министерство за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден објави дека во 4 часот изутрина, кај месноста Грашница во Охрид, лишен од слобода бил 38-годишен охриѓанец.

Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид.

Поврзани содржини