(ФОТО) ЏУЛИЈА РОБЕРТС ЈАВНО МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ГВАРДИОЛА Актерката ги исправи сите „гревови“ од минатото

Неговата омилена актерка преку Инстаграм му честиташе на Пеп за успехот објавувајќи ја неговата фотографија со трофејот.

643

Сонот на Пеп Гваридола конечно се оствари. И тоа не во врска со освојување на Лигата на шампионите со Манчестер Сити, туку со честитката на неговиот идол – Џулија Робертс.

Неговата омилена актерка преку Инстаграм му честиташе на Пеп за успехот објавувајќи ја неговата фотографија со трофејот.






Гвардиола претходно изјави дека има само три идоли во животот – Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. А  токму Џулија е заслужна за најголемото разочарување во неговиот живот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)


„Џулија Робертс дојде во Манчестер уште пред многу години – не во 90-тите кога Сер Алекс Фергусон освојуваше титули и титули и титули. Таа дојде во период кога бевме подобри од Јунајтед, наназад овие четири или пет години назад, нели? И сепак отиде да го посети Манчестер Јунајтед. Не дојде кај нас. Па дури и да ја освоиме Лигата на шампионите, тоа не може да се спореди со фактот дека Џулија Робертс отиде на стадионот на Манчестер Јунајтед, а не кај нас. Нема да го избришам своето разочарување во тој момент“, објаснил тој еднаш по натпреварот во кој Сити го победи Лајпциг со 7:0 зошто секогаш ќе се смета себеси за неуспешен човек.

Администраторите на социјалните мрежи на Манчестер Јунајтед имаа подготвен одговор на неговата изјава и објавија фотографии од Џулија Робертс која во 2016 година гостуваше на Олд Трафорд и го следеше натпреварот против Вест Хем.

Но, Џулија сега исправи сè, а Пеп сигурно е пресреќен.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини