(ФОТО) УКРАИНСКИ АВИОН СЕ УРНА ВО РУСИЈА Полиција го приведе пилотот кој се обидел да побегне
Сликите кои кружат на Интернет наводно го покажуваат приведениот пилот. Како што може да се забележи мажот носи воена облека и камуфлирана бејзбол капа.
Лесен украински авион се урна во руската област Брјанск, која се граничи со Украина, соопшти во средата граничната полиција на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Пилотот на леталото го преживеал падот и бил приведен од граничната стража. Службата не прецизираше дали соборениот авион бил воен или цивилен, пренесува RT.
Сликите кои кружат на Интернет наводно го покажуваат приведениот пилот. Како што може да се забележи мажот носи воена облека и камуфлирана бејзбол капа.
🇷🇺🇺🇦Rusya’nın Bryansk bölgesine Ukraynalı küçük uçak acil iniş yaptı.
FSB pilotu gözaltına aldı. pic.twitter.com/GKLV0j3Jnv
— 🔴CMD (@cmd_exee) April 5, 2023
Авионот се урнал од „непознати причини“ во близина на селото Бутовск, на околу 25 километри од границата, изјавија од граничната полиција.
Пилотот се обидел да побегне назад на украинска територија, но бил пресретнат од граничната патрола, јавуваат руските медиуми.