(ФОТО) УКРАИНЦИТЕ НА КРАТКО ЈА ПАУЗИРААТ КОНТРАОФАНЗИВАТА? Институтот за војна ги објави последните мапи

Оперативните паузи се вообичаена карактеристика на големите офанзивни потфати и оваа пауза не значи крај на украинската контраофанзива, смета Институтот за војна.

755

Институтот за проучување на војната пишува во една неодамнешна анализа пишува дека украинските сили можеби привремено ги паузирале контраофанзивните операции за да ги разгледаат нивните тактики.

Тие го цитираа шефот на разузнавачкиот центар на естонските одбранбени сили, Марг Гросберг, кој во петокот рече дека верува дека „нема да видиме офанзива во следните седум дена“.

 






„Оперативните паузи се вообичаена карактеристика на големите офанзивни потфати и оваа пауза не значи крај на украинската контраофанзива“, смета американскиот тинк-тенк.

Тие посочуваат дека во неделата Украина „продолжи со контраофанзивни акции на најмалку четири сектори од фронтот и „оствари ограничени територијални придобивки“.

Плусинфо веќе пренесе дека Волстрит Џурнал пишува дека украинските сили ќе мора да ја променат својата тактика поради самовозечките тенковите-самоубијци полни експлозив кои руските сили ги користат за да ги наведат Украинците на фронтот.

(ВИДЕО) РУСКИ ТЕНК-САМОУБИЕЦ ПРЕДИЗВИКА ПЕКОЛНА ЕКСПЛОЗИЈА Новата руска тактика ги фати Украинците во небрано

 

Поврзани содржини