(ФОТО) ТОМ ХЕНКС ПРЕДУПРЕДИ НА ГОЛЕМА ИЗМАМА Вештачката интелигенција направи верзија на актерот

Холивудскиот актер Том Хенкс на социјалните мрежи објави дека станал жртва на вештачка интелигенција. Имено, вештачки создадениот лик на актерот стана заштитно лице на една кампања.

902

Холивудскиот актер Том Хенкс на социјалните мрежи објави дека станал жртва на вештачка интелигенција. Имено, вештачки создадениот лик на актерот стана заштитно лице на една кампања.

„Внимание. Постои видео во кое се промовира некаков стоматолошки план со верзија од мене направена со вештачка интелигенција. Немам никаква врска со тоа“, напиша Хенкс на Инстаграм.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)


Актерот и претходно предупреди за вештачката интелигенција. Во една прилика, во подкастот на Адам Бакстон, тој зборуваше за филмот „Поларниот експрес“, за време на чие снимање во компјутерите биле складирани големи количини на податоци за самите актери, конкретно за нивниот изглед.

„Го предвидовме ова. Видовме дека постои можност тие нули и единици во компјутерот да станат лице и фигура. Сега тоа само порасна и сега тоа го гледаме насекаде“, рекол актерот. Тој верува дека употребата на вештачка интелигенција ќе стане голема точка во преговорите за филмови и серии.

„Секој денес може преку вештачката интелигенција да се рекреира самиот себе на која било возраст. Утре може да ме удри автобус и тоа е тоа, но моите изведби можат да продолжат во недоглед“, заклучил Хенкс.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини