(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ УЛОВЕНА СО НОВОТО МОМЧЕ Рокерот ѝ го украде срцето на пејачката

Една од најдобрите музичарки на денешницата Тејлор Свифт беше„фатена“ како излегува од студио со колегата Мети Хили. Странските медиуми пишуваат дека е можна нова врска.

150

Една од најдобрите музичарки на денешницата Тејлор Свифт беше„фатена“ како излегува од студио со колегата Мети Хили. Странските медиуми пишуваат дека е можна нова врска. Хили е фронтмен на популарниот англиски поп рок бенд „The ​​1975“.

Тејлор Свифт и нејзиното долгогодишно момче, британскиот актер Џо Алвин неодамна раскинаа, а странските медиуми наголемо пишуваа за крајот на нивната љубов.






Сега, Тејлор е повторно во фокус ​​бидејќи папараците ја фатија како го напушта студиото со колегата, рокерот Мети Хили, а двајцата не ги тргнаа насмевките од нивните лица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ~fly magazin ~ (@flymagazinee)


Тие биле „уловени“ доцна вечерта, а музичарите се упатиле кон автомобил кој чекал пред студиото.

Свифт енигматично се насмевнува, додека Хили гледа на страна, вознемирен од блицовите на камерата.

Претходно повторно беа видена заедно, како се држат за раце. А Мети исто така, е чест гостин на нејзините концерти во склоп на турнејата „Ерас“. Меѓу другото, Мети беше снимен како излегува од зградата каде што се наоѓа апартманот на Тејлор во Њујорк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Metro Society (@metrosocietyph)


Неодамна се шпекулираше дека Свифт е во врска со Фернандо Алонсо. Возачот на Формула 1 објави неколку видеа кои ги поттикнаа гласините за нивната врска. Во едното, нејзината хит песна „Карма“ свиреше во позадина, а поради тоа обожавателите беа убедени дека видеото снимено во теретана ја навестува нивната наводна врска.

Поврзани содржини