(ФОТО) ТАНЦУВА КАЧЕНА НА МАСА И ВО БИКИНИ Џенифер Лопез го прослави 54-от роденден
Музичката дива на Инстаграм објави неколку фотографии од роденденската забава на кои покажа колку се забавувала.
Латино дивата Џенифер Лопез во понеделникот го прослави својот 54-ти роденден и тоа во голем стил. Музичката дива на Инстаграм објави неколку фотографии од роденденската забава на кои покажа колку се забавувала.
Лопез објави фотографија на која танцува на маса со рацете во воздух, а освен што позира во свечен фустан, се пофали и со фотографии во бикини кои ги воодушевија обожавателите.
View this post on Instagram
„Роденденско расположение… Цел месец!“, напиша пејачката со објавата.
На објавените фотографии не може да се види нејзиниот нов сопруг Бен Афлек, но сигурно бил покрај пејачката на роденденската забава.
Инаку, Џеј Ло е познато по тоа дека сака да се забавува и да прави големи фешти кога станува збор за нејзините родендени.
ФОТО: Инстаграм