(ФОТО) СУПЕРМЕН ОД ЧЕВЉАНОВИЌИ Урнебесни фотографии од Босанската корида станаа хит во регионот
Фотографии од овој чуден господин на вртелешка набрзо се проширија во регионот и Супермен од Чевљановиќи стана вистински хит.
Босанската корида во Чевљановиќи денеска собра илјадници посетители од цела Босна и Херцеговина, а според најавите на организаторите, пристигнувале и многу посетители од соседните земји.
Покрај коридата, многумина беа воодушевени и од придружната содржина. На коридата во Чевљановиќи имаше еден лик кој добро се забавуваше во стилот на Супермен. Ама Супермен од Чевљановиќи.

Фотографии од овој чуден господин на вртелешка објави N1, а набрзо тие се проширија во регионот и Супермен од Чевљановиќи стана вистински хит.

Местото Чевљановиќ кое се наоѓа во близина на Сараево, секоја година има традиционална корида, босанска борба со бикови и народен фестивал на кој присуствуваат илјадници посетители.