(ФОТО) СТРАШНИ НЕСРЕЌИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Силни ветрови „оддуваа“ два воза, има повредени

Инцидентите се случиле во Луцерн и Бурен зум Хоф, во близина на швајцарската престолнина Берн.

1,763

Во одвоени инциденти денеска во Швајцарија два воза излетаа од шините. Вкупно, повеќе од 10 лица се повредени, пренесе АП, повикувајќи се на полицијата.

Причина за несреќите се силните ветрови и дождови во малата алпска земја.

 






Инцидентите се случиле во Луцерн и Бурен зум Хоф, во близина на швајцарската престолнина Берн.

Портпаролката на полицијата Бурен зум Хоф изјави дека 12 лица се повредени – 9 возрасни и 3 деца. Еден од нив е тешко повреден. Неколку луѓе се повредени кога другиот воз – за градот Луцерн – излета од шините.

Железничките линии на кои се случија инцидентите се затворени за сообраќај.

 

Поврзани содржини