(ФОТО) СОПРУГАТА НА НИКОЛА ЈОКИЌ НА ТАЖНА НАСЛОВНА СТРАНИЦА ОД ПРЕД 28 ГОДИНИ Наталија имала тешко детство на дете-бегалец од Краина 

Семејството на Наталија, се уште ја чува фотографијата и насловната страница на „Вечерње новости“ во својата куќа во Сомбор, како спомен на едно страшно време што го надминале.

1,595

Никола Јокиќ ги полни насловните страници по освојувањето на шампионската титула и МВП титулата во НБА. Во прославата на големиот успех покрај него постојано беа неговата сопруга Наталија и ќеркичката Огњена.

А, покрај овие нови среќни насловни страници, српски „Новости“ извадија и една постара од пред 28 години и не толку среќна. На неа е Наталија како бебе, малку помлада од нејзината ќеркичка Огњена, во прегратка на нејзината мајка во деновите на војната и ужасот за српските семејства протерани од Краина. Фотографијата е снимена на 6 август 1995 година.






– Ние сме Маќешиќ. Ова е Маја, има три и пол години. А ова е Наталија, седум месеци. Првото бебе што се роди годинава, во Краина. Ова е наше второ бегство. Живеевме во Карловац. Кога веќе немаше живот таму, побегнавме во Слуњ. Сега пак бегаме, а не знаеме каде. Знаеме дека нема враќање назад. Ако Србија не не сака, некој, некаде, ќе не прифати, претпоставувам – во стариот напис стои изјавата на мајката на Наталија, Даница.

Следниот ден, фотографијата на Даница и на нејзините две девојчиња како бегаат од ужасот на војната, осамна на насловната страница на „Вечерње новости“.

Семејството Маќешиќ, се уште ја чува фотографијата и насловната страница на „Вечерње новости“ во својата куќа во Сомбор. Како спомен на едно страшно време што го надминале и од кое излегле посилни, насочувајќи ги своите две деца на вистински пат.

Малечкото бебе од таа фотографија, денес е прекрасната млада жена која стои покрај најдобриот кошаркар во НБА како столб на семејството и негова најголема поддршка.

Поврзани содржини