(ФОТО) СОФИЈА ВЕРГАРА ПОВТОРНО ВЉУБЕНА Згодната актерка уловена во друштво на познат хирург

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, Софија Вергара, е „уловена“ во петокот вечерта во друштво на непознат маж, за кој порталот „Пејџ сикс“ дознава дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

97

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, Софија Вергара, е „уловена“ во петокот вечерта во друштво на непознат маж, за кој порталот „Пејџ сикс“ дознава дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)







Двојката била снимена во неговиот автомобил додека биле на вечера во Беверли Хилс, во близина на местото каде што Ким Кардашијан го прослави својот роденден.

Сепак, тие не се најдоа на списокот на гости, туку случајно се нашле на истото место со старлетата.

 

Атрактивната Вергара, која привлекува воздишки на многу мажи, облекла црн корсет од тантела и бордо кадифени панталони. Џастин бил во кошула и фармерки, а насмевката не ја симнале од нивните лица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diario Libre (@diariolibre)


Како што пишуваат медиумите и двајцата зад себе имаат пропаднати бракови.

Џастин претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во „Grimm“ и „The Ugly Truth“. Тие поминаа десет години заедно и се разведоа во 2018 година. Имаат две деца.

До ова лето Софија беше во брак со актерот Џо Мангианело.

– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот – изјавија поранешните сопружници за „Пејџ сикс“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na