(ФОТО) „ДЕЛУВАШЕ КАКО ДА Е ВЕЧНА“ Мик Џегер, Белата куќа, Армани се збогуваат со Тина Тарнер

Бројни славни ѕвезди се простуваат од легендарната Тина Тарнер, која вчера почина на 83-годишна возраст.

1,291

Бројни славни ѕвезди се простуваат од легендарната Тина Тарнер, која вчера почина на 83-годишна возраст.

„Тажен сум поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Беше неверојатно талентирана. Беше инспирација, беше топла, забавна и дарежлива. Многу ми помогна во младоста и никогаш нема да го заборавам тоа“, напиша Мик Џегер, фронтменот на „Ролинг стоунс“.







„Таа ја трасираше патеката за многу жени во рок музиката… Таа достоинствено успеа во нешто што ретко кој би се осмелил во нејзино време и во тој жанр“, порача пејачката Глорија Гејнор.

 

„Зборовите легендарно, икона, дива и суперѕвезда често се преупотребуваат, но Тина Тарнер ги отелотворува сите нив и многу повеќе“, вели Мараја Кери.


„Тина Тарнер беше музичка икона и нејзината смрт е огромна загуба за сите што ја сакаа, како и за музичката индустрија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Едноставно најдобра. Почивај во мир, Тина Тарнер. Те сакав и те сакам. Ти благодарам. Божји благослов“, напиша актерката Сара Џесика Паркер, започнувајќи ја пораката со насловот на култната песна на Тина Тарнер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Познатиот моден дизајнер Џорџо Армани изјавил дека „таа делувала вечно“ и дека ќе му недостига неговиот голем пријател.

„Слушнав дека Тина Тарнер почина, тажен сум и во неверување. Со таа неверојатна енергија ми изгледаше вечна. Нејзината музика секако е. Ќе ми недостига мојата голема пријателка, која имав задоволство многупати да ја облекувам. Во животот беше како и на сцената – полна со енергија. Длабоко сум тажен“.

 


ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини