(ФОТО) СИНОТ НА ЦЕЦА ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ПО ТРЕТПАТ Вељко Ражнатовиќ го откри полот на бебето
Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко го чека третото дете. Сопругата на боксерот, Богдана Ражнатовиќ повторно е бремена, а како што се наведува, повторно ќе роди машко дете.
Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко го чека третото дете. Сопругата на боксерот, Богдана Ражнатовиќ повторно е бремена, а како што се наведува, повторно ќе роди машко дете.
„Слава на Бога! Ти благодарам Господи за сè што ми даде како грешник. Слава на таткото и синот и Светиот Дух! Богдана, кралице на мојот живот! Доаѓа уште еден батко“, напиша одушевениот тато.
View this post on Instagram
Вељко и Богдана се венчаа во 2019 година, а по тој повод организираа гала прослава за која се зборуваше со месеци. Набрзо го добија својот прв син, кого го крстија по покојниот татко на Вељко, Жељко, а потоа уште еден, кого го нарекоа Крстан.
„Крстан е особено старо српско име. Уникатно е, не е често име, што секако е уште подобро за нас“, рекол тогаш Вељко.
View this post on Instagram
Богдана во април годинава го роди вториот син, а сега, само седум месеци подоцна нејзиниот сопруг објави дека нивното семејство наскоро ќе се прошири. Најстариот наследник Жељко има две и пол години.
Вељко ужива со сопругата Богдан и синовите во Тител, каде што изградија и семеен дом.
ФОТО: Инстаграм