(ФОТО) СЕ СУДРИЈА АВИОНИ ВО АВСТРАЛИЈА Две лица загинаа, вториот пилот имал „луда среќа“

Несреќата се случила кога авионот со двете лица полетал од пистата и налетал на авионот на преживеаниот пилот

223

Во сударот на два лесни авиони над пистата северно од австралискиот град Бризбејн, загинаа две лица, а еден од пилотите ја преживеал несреќата со лесни повреди, информираат од полицијата која ја истражува причината за несреќата.

Австралиската телевизиска станица 9News ги пренесува сознанијата од локалната полиција дека пилотот на вториот авион вклучен во судирот бил само „релативно повреден“ во тешката несреќа.






– Несреќата се случи блиску до тлото на источниот крај на пистата – изјави Пол Реди, инспектор на сојузната државна полиција на Квинсленд.

Несреќата се случила кога авионот со двете лица полетал од пистата и налетал на авионот на преживеаниот пилот, кој наводно и помага на полицијата во истрагата.

Полицискиот инспектор Пол Реди изјавил дека пилотот имал неверојатна среќа „кога ќе се види штетата предизвикана на теренот“.

На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоци од еден авион и друг авион со оштетено крило.

Поврзани содржини