(ФОТО) СЕ ПОРОДИ ВНУКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА Новородениот син е сега 13-ти во редот за британскиот престол

Принцезата Евгенија, внука на покојната кралица Елизабета Втора и ќерка на принцот Ендру, го доби своето второ дете со сопругот Џек Бруксбанк.

456

Принцезата Евгенија, внука на покојната кралица Елизабета Втора и ќерка на принцот Ендру, го доби своето второ дете со сопругот Џек Бруксбанк.

Најмладата ќерка на принцот Ендру ја објави веста за раѓањето на синот Ернест Џорџ Рони Бруксбанк. Тој е сега 13-ти во редот за британскиот престол.






„Оги веќе сака да биде поголем брат“, напиша принцезата.

Таа сподели слика на која Ернест носи плетена сино-бела капа додека спие во корпа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Eugenie (@princesseugenie)

Момчето го добило името по неговиот покоен дедо, таткото на сопругот на принцезата, Џорџ, кој починал во 2021 година.

Евгенија има уште еден син Август, кој го доби пред две години.

„Толку сме возбудени што можеме да откриеме дека ова лето имаме нов член во нашето семејство“, напиша принцезата во објава на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини