(ФОТО) САМО ЧЕТИРИ ЖЕНИ ГО НОСЕЛЕ НАЈПОЗНАТИОТ НАКИТ ВО ИСТОРИЈАТА Дуа Липа на вратот имаше дијамант од 100 карати на Мет гала
Дијамантот од 100 карати што го носеше Дуа Липа на Мет гала е омаж на најпознатото парче накит во историјата.
Пејачката Дуа Липа беше една од домаќинките на најголемиот моден настан Мет гала што се одржува секој прв понеделник во мај, во Метрополитен музејот во Њујорк. Во склад со големите очекувања, нејзиниот моден избор ги воодушеви сите присутни во понеделникот вечерта.
View this post on Instagram
Темата на овогодинешната Мет Гала – „Карл Лагерферлд: Линија на убавината“ имплицираше гламур, а популарната пејачка не разочара со својот избор.
Дуа Липа носеше бело-црн балски фустан од твид на „Шанел“, истиот оној што Клаудија Шифер го носеше есента 1992 година, претставувајќи ја тогашната колекција, но уште повеличествен од прекрасниот фустан беше нејзиниот избор на накит – дијамантскиот ѓердан со интересна приказна. Неверојатниот дијамантски ѓердан, кој има повеќе од 100 карати, е почит на култниот жолт дијамант „Тифани“, кој е проценет на неверојатни 30 милиони долари и го носеле само четири жени во историјата.
Имено, Дуа Липа е првата која го носела новиот неверојатен ѓердан Lucida Star од легендарната куќа „Тифани“, на кој е претставен таканаречениот легендарен дијамант кој има повеќе од 100 карати и кој со речиси идентичен облик на перниче е најубавата почит на култниот жолт дијамант „Тифани“. Според етикетата, новиот дијамант е означен со буквата Д, што ни кажува дека е безбоен и најквалитетен дијамант, има 82 фасети и одговорно е набавен од Боцвана.
Оригиналниот жолт дијамант „Тифани“ од 128,54 карати е пронајден во јужноафриканските рудници за дијаманти Кимберли во 1977 година и оттогаш стана едно од најпознатите парчиња на „Тифани“, чија вредност се проценува на неверојатни 30 милиони долари, а само четири жени имале можност да го носат.
View this post on Instagram
Мери Вајтхаус првпат го носела на бал во 1957 година, Одри Хепберн го носела на легендарните фотографии од 1961 година за филмот „Појадок кај Тифани“, на вратот на Леди Гага се нашол за доделувањето на Оскарите во 2019 година, а Бијонсе беше последна што го носеше во кампањата за „Тифани“, пред две години. Со оваа свежа, модерна интерпретација на култното парче накит, Дуа Липа испишала и дел од сопствената модна историја, а мораме да признаеме дека изгледала апсолутно прекрасно, како што доликува на Мет гала.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм