(ФОТО+ВИДЕО) РУСИЈА СЕ НАЛУТИ НА ТУРЦИЈА Анкара дозволи Зеленски да ги врати дома заробените команданти на Азовстал

Москва ослободи дел од нив во септември со посредство на Анкара. Тогаш беше постигнат договор командантите да останат во Турција до крајот на војната.

4,147

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата се врати од посетата на Турција и со себе донесе пет поранешни команданти од Мариупол, и покрај договорот од минатата година дека требало да останат во Турција.

Русија веднаш го осуди нивното ослободување. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Турција го прекршила договорот и не ја информирала Москва.






Командантите, кои се сметаат за херои во својата татковина, ја водеа одбраната на пристанишниот град, најголемиот што Русија досега го окупирала.

Илјадници цивили загинаа во Мариупол, кој беше срамнет со земја од Русите за време на тримесечната опсада.

Украинските бранители се криеја во тунелите и бункерите на фабриката за челик Азовстал, а во мај минатата година Киев им нареди да се предадат.

 

Зеленски се врати во Украина со украинските војници Денис Прокопенко, Свјатослав Паламар, Сергиј Волински, Олех Хоменко и Денис Шелха. Зеленски го прегрна секој од нив откако слетаа во Киев.

Москва ослободи дел од нив во септември со посредство на Анкара. Тогаш беше постигнат договор командантите да останат во Турција до крајот на војната.

Песков за новинската агенција РИА изјави: „Никој не нѐ информираше за ова. Според договорот, овие водачи требаше да останат на територијата на Турција до крајот на конфликтот“.

Тој додаде дека ослободувањето е резултат на притисокот на НАТО врз Турција пред самитот на Алијансата следната недела, каде Украина се надева дека ќе добие позитивен сигнал за нејзиното идно членство.

Зеленски не објасни како командантите се вратиле во земјата, а кабинетот на турскиот претседател Таип Ердоган сѐ уште не одговорил на барањето за коментар.

 

Поврзани содржини