(ФОТО) РОМАНСАТА СЕ ВЖЕШТУВА Ирина Шајк и Том Брејди поминале 48 часа во отмен хотел во Лондон
Том Брејди и Ирина Шајк наводно два дена биле затворени во луксузниот хотел „Твенти ту“ во Лондон, што е повеќе од очигледна причина дека гласините за нивната романса продолжуваат да се вжештуваат.
Том Брејди и Ирина Шајк наводно два дена биле затворени во луксузниот хотел „Твенти ту“ во Лондон, што е повеќе од очигледна причина дека гласините за нивната романса продолжуваат да се вжештуваат.
Поранешниот 46-годишен првак во НФЛ и 37-годишниот супермодел биле видени на иста луксузна локација од недела до вторник, како се одјавуваат од различни влезови со разлика од само пет минути, пишува порталот „Пејџ сикс“.
Tom Brady and new love Irina Shayk pictured at SAME London hotel as pair enjoy romantic 48-hour rendezvous
The pair were keen not to be spotted together as Tom was seen heading to the airport to fly out of the UK pic.twitter.com/E4mziZajxf
— Lilian Chan (@bestgug) August 16, 2023
Брејди беше фотографиран како излегува од хотелот облечен во црна маица, фармерки, патики „Најк“ и чанта со маскирен дезен, а наводно од хотелот тргнал кон аеродромот за да одлета од Велика Британија. Шајк, пак, е видена во маица со пруги, шорцеви, чизми до колена, мантил и очила за сонце. Во моментот кога руската убавица е снимена, зборувала на мобилен.
Двојката го направи своето прво јавно појавување во јули, кога беа забележани како се бакнуваат во автомобил откако Ирина ја поминала ноќта во вилата на Брејди во Лос Анџелес, недолго откако Брејди го финализираше разводот од манекенката Жизел Бундшен во октомври 2022 година.
Инаку, Жизел и Брејди во бракот станаа родители на синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10), а тој го има и синот Џек (15) од претходната врска со манекенката и актерка Бриџит Мојнахан.
Од друга страна, Шајк и 48-годишниот актер Бредли Купер, кои се родители на шестгодишната ќерка Леа Де Сејн, ја раскинаа свршувачката во јуни 2019 година, по четири години врска.
ФОТО: Инстаграм