(ФОТО) РИТА ОРА СПЕКТАКУЛАРНО ПРИСТИГНА ВО ВЕНЕЦИЈА Пејачката облечена во проѕирна креација, под која ѕирка црната долна облека

Филмскиот фестивал во Венеција во средата, а во парадата на славните на еден од најпрестижните кинематографски настани во годината ќе уживаме до 9 септември.

381

Филмскиот фестивал во Венеција почна во средата, а во парадата на славните ѕвезди на еден од најпрестижните кинематографски настани во годината ќе уживаме до 9 септември.

Во Венеција завчера пристигна и пејачката Рита Ора која се потрудила со своето доаѓање да направи вистински спектакл.






Британската пејачка со потекло од Приштина била една од поканетите на Фестивалот во Венеција, а поради тоа што е позната по интригантната мода сигурни сме дека и за црвениот тепих подготвила нешто специјално. Но, и пред тоа таа се погрижила да биде во центар на внимание при самото доаѓање во овој романтичен град.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)


Рита во Венеција прошетала во издание кое од глава до пети го потпишува модниот бренд „Нина Ричи“, а истото е прилично провокативно..

Пејачката се појавила во целосно проѕирен комбинезон под којшто јасно се гледала нејзината долна облека.

Рита носела и долга, бела бунда и црни чевли со неверојатно висока потпетица. На целата комбинација таа ѝ додала и црни очила за сонце, а јасно е дека ова модно издание сите го коментирале.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини