(ФОТО) ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА ЗА 600.000 ДОЛАРИ Скршената гитара на Курт Кобејн замина кај непознат купувач

На гитарата стојат потписите на членовите на бендот, фронтменот Кобејн, басистот Крист Новоселиќ и тапанарот Дејв Грол. На неа сѐ уште се познаваат пукнатини, таа беше повторно составена но на неа не може да се свири повеќе.

278

Гитарата што ја скршил фронтменот на Нирвана Курт Кобејн продадена е за 600.000 долари, објави аукциската куќа „Џулиен“.

На гитарата стојат потписите на членовите на бендот, фронтменот Кобејн, басистот Крист Новоселиќ и тапанарот Дејв Грол. На неа сѐ уште се познаваат пукнатини, таа беше повторно составена, но на неа не може повеќе да се свири.






– Кога беше на сцената и свиреше, Курт Кобејн беше машина. Тој беше лут и тоа можеше да се почувствува. Особено по начинот на кој ракуваше со своите инструменти – изјави  Коди Фредерик од аукциската куќа.

Тој додаде дека оштетената гитара го симболизира „оштетениот музичар“ и „суровото и бурно време“ во музиката.

Нирвана е основана кон крајот на 80-тите во Вашингтон. Групата се здоби со слава во 1991 година со нивниот втор албум „Nevermind“, кој беше продаден во повеќе од 30 милиони примероци.
Фронтменот на групата стана идол и глас на новата генерација, но во текот на животот се бореше со зависност и здравствени проблеми.
Тој изврши самоубиство во април 1994 година во Сиетл, на 27-годишна возраст.

Поврзани содржини