(ФОТО) ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД ГРЧЕЦ Додека бегал од полицијата, тој фрлил ќеса со марихуана

На клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана.

360

Вчера околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај.

Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана.






Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани содржини