(ФОТО) ПОСЛЕДНОТО ЗБОГУВАЊЕ НА ЏОИ СО ЧЕНДЛЕР Е СРЦЕПАРАТЕЛНО Рашири ги крилјата и летај, брате мој…
Метју Пери и Мет Лебланк се едни од најпрепознатливите тандеми, нивните улоги на Чендлер и Џои се легендарни, а еве што актерот напишал по повод смртта на својот пријател.
Актерот Метју Пери, попознат како саканиот Чендлер од култната серија „Пријатели“, ненадејно почина на 54-годишна возраст. Официјалната причина за смртта сè уште не е потврдена, а неговите сакани го испратија во вечното почивалиште.
Веќе со недели јавноста очекува да се огласи актерската екипа на најпопуларната серија (тие се огласија со заедничка изјава), а денеска молкот го прекина токму Мет Лебланк, кој на најтрогателен начин се прости од својот пријател.
Метју Пери и Мет Лебланк се едни од најпрепознатливите тандеми, нивните улоги на Чендлер и Џои се легендарни, а еве што актерот напишал по повод смртта на својот пријател.
View this post on Instagram
„Метју, се збогувам со тешко срце. Времето кое го поминавме заедно искрено е меѓу омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја делам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и полетај, брате мој, конечно си слободен. Многу љубов. И претпоставувам дека ги задржуваш 20-те долари што ми ги должиш.“
View this post on Instagram
Обожавателите се скршени, многумина коментирале под оваа објава, а еден од коментарите гласи:
– Длабоко во себе чекав Џои да се поздрави со Чендлер. Трпеливо чекав. Исто како што не можете да помислите на Лорел без Харди, едноставно не можете да размислувате за Џои без Чендлер.
– Читајќи го ова сега, сето тоа изгледа реално. Многу е тажно. Имам многу љубов кон вас – бил еден од низата коментари.
ФОТО: Инстаграм