(ФОТО) ПОРАНЕШНАТА НА ИЛОН МАСК САКА ДА УМРЕ ВО ВСЕЛЕНАТА За музичарката Марс е идеално место

Поранешната девојка на Илон Маск, музичарката Клер Елис Баучер (35), познат како Грајмс, раскажа за магазинот „Wired“ сè за нејзините планови за во иднина.

127

Поранешната девојка на Илон Маск, музичарката Клер Елис Баучер (35), познат како Грајмс, раскажа за магазинот „Wired“ сè за нејзините планови за во иднина. Таа се надева дека на нејзиниот живот на Земјата му се приближува крајот. Но, не во религиозна смисла.

На прашањето дали би сакала еден ден да оди во вселената, Грајмс рекла: „Дефинитивно. Се надевам дека ќе умрам во вселената. Би сакала да одам доволно далеку, каде што моето тело не може да издржи да се врати. Но, можеби поблиску до крајот на мојот живот, некаде во 65-тата година“.






„Марс би бил одличен избор. Се надевам дека дотогаш таму ќе има мегаструктури бидејќи би сакала да видам една во вселената. Би отишла таму и би живеела таму додека не умрам“, додала таа.

 


Грајмс има две деца со Маск, едногодишната ќерка Екса Дарк Сидерел, која ја викаат Y и тригодишниот син X Æ A-12.

Имињата совршено би се вклопиле во некој визионерски вселенски град, но на Грајмс би можеле да ѝ бидат пречка на патот.

Ако постои вистинска одговорност, на пример, доколку моите деца имаат внуци и навистина им требам, можеби ќе се предомислам. Но, сепак повеќе би сакала да видам некои нови светови“, изјавила таа и продолжила: „Би сакала да се преселам на Марс, но морам да почекам додека не сум сигурна дека моите деца се добро, како до 25-тата година. Кога би умрела на Земјата, сигурно би зажалила во моите последни моменти“, рекла таа.

 


„Доколку мојата приказна заврши во Вселената, би помислила: „Ти живееше одличен живот, го постигна сето она што го сакаше“, додала Грајмс.

Можеби нејзината идеја не е толку далеку од реалноста, бидејќи компанијата на нејзиното поранешно момче, „Спејс Икс“, моментално работи на ракета вредна 3 милијарди долари за превоз на тежок товар и луѓе на Месечината и Марс.

Покрај тоа, пејачката веќе се подготвувала за својот вонземски живот преку, како што кажала, „вонземска трансформација“.

Грајмс лани изјави дека поминала „низ тешки напори како би добила целосно вонземско тело“ кое ќе биде покриено со бело мастило и ќе изгледа како „прекрасни лузни од вонземјани“.

Грајмс веќе почнала да става огромни тетоважи на своето тело, кои наводно изгледаат како „прекрасни лузни од вонземјани“, а размислувала и да го покрие лицето со бело мастило и да направи „самовилски“ уши.

 

Поврзани содржини