(ФОТО) ПАПАТА КАКО РАП ЅВЕЗДА ОД ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ Фотографијата која стана вирална е дело на вештачка интелигенција
Корисниците на социјални мрежи изразија загриженост за тоа колку е реална сликата и како вештачката интелигенција може да влијае на перцепциите на луѓето.
На социјалните мрежи брзо стана вирална фотографија на која водачот на католичката црква, папата Франциско, носи бела јакна со голем крст околу вратот кој му паѓа преку градите, но сепак фоторафијата е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
Многу корисници на социјалните мрежи, вклучително и Криси Тајген, изразија збунетост околу тоа дали модерната фотографија е вистинска или лажна, бидејќи пореални слики со вештачка интелигенција кои прикажуваат познати личности го преплавуваат интернетот.
AI-generated image of Pope Francis goes viral on social media. pic.twitter.com/ebfLK4F850
— Pop Base (@PopBase) March 25, 2023
– Мислев дека фотографијата на папата е вистинска. Нема шанси да ја преживеам технологијата на иднината – напиша таа.
Необичната фотографија ги изненади корисниците кои набрзо почнаа да прават мемиња од неа.
– Папата Франциско и неговиот ѓердан со крст ме потсетуваат на некоја рап ѕвезда од 1990-тите – напиша еден корисник на Твитер.
Други изразија загриженост за тоа колку е реална сликата и како вештачката интелигенција може да влијае на перцепциите на луѓето.
Во последните денови, на социјалните мрежи беа креирани и објавени лажни слики на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, актерот Вил Смит и други.