(ФОТО) ОТКРИ НА ИНТЕРЕСЕН НАЧИН Серена Вилијамс на Мет гала објави дека е повторно бремена

Серена Вилијамс на престижниот моден настан Мет гала во Њујорк, каде пристигна со сопругот Алексис Оханиан, објави дека чека второ дете, порачувајќи им на новинарите дека „тројца од нив пристигнале“ на настанот.

506

Серена Вилијамс на престижниот моден настан Мет гала во Њујорк, каде пристигна со сопругот Алексис Оханиан, објави дека чека второ дете, порачувајќи им на новинарите дека „тројца од нив пристигнале“ на настанот.

 







Познатата тенисерка и 23 пати победничка на Грен слем, минатата година објави дека има намера да се „пензионира од тенисот“ и за американскиот „Вог“ откри дека сака да го прошири своето семејство. Во 2017 година ја роди ќерката Олимпија.

„Бев толку возбудена кога Ана Винтур не покани тројцата на Мет гала“, рече Вилијамс во објавата на ТикТок во понеделникот вечерта.

Вилијамс, долгогодишна пријателка на главната уредничка на „Вог“ и копретседателка на Мет гала, Ана Винтур, е честа посетителка на престижниот моден настан чии приходи се во корист на Институтот за костими на Музејот Метрополитен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


На црвениот тепих оваа година беше и колегата на Серена, победникот на 20 Грен слем турнири, Роџер Федерер, на кој Мет гала присуствуваше како копретседавач на настанот.

Темата на годинешната гала вечер беше „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“. Името го доби во чест на починатиот моден дизајнер на „Шанел“ и беше посветена на придонесот на Лагерфелд во светската и американската мода.

Ексцентричниот дизајнер почина во 2019 година.

На снимката од црвениот тепих се гледа како Оханиан, претприемачот и ко-основач на Редит, нежно ја држи раката на стомакот на својата 41-годишна сопруга.

 

 

Поврзани содржини