(ФОТО) ОСКАРОВКАТА СЕ ПОЈАВИ ЦЕЛОСНО ГОЛА ВО НОВИОТ ФИЛМ НА НЕТФЛИКС Обожавателите се во шок!

Оскаровката глуми во оваа комедија, а во една многу експлицитна сцена во бурната романтична драма, таа може да се види целосно гола – од глава до пети.

517

Џенифер Лоренс ги воодушеви обожавателите со кадар во кој е целосно гола во нејзиниот нов филм „No Hard Feelings“, кој штотуку беше објавен на Нетфликс во Америка.

Оскаровката глуми во оваа комедија, а во една многу експлицитна сцена во бурната романтична драма, таа може да се види целосно гола – од глава до пети. Таа се појавува без облека и учествува во експлицитната борба откако ќе влезе во конфликт со оние кои ѝ ја украле облеката на плажа.






Обожавателите на социјалните мрежи се во целосен шок од сцената на која се гледа како актерката се бори со група луѓе на плажа откако ѝ ја украле целата облека.

Сцената се одвива на средината на филмот, прикажувајќи го ликот Меди – која ја игра Џенифер – како целосно гола се бања со 19-годишен студент кој се обидува да го заведе.

Нивниот романтичен состанок води до соблекување на плажата, а кога ќе им ја украдат облеката, потполно голата Меди трча по песокот во обид да ја врати истата.

Некои од нејзините фанови се прашувале зошто снимила ваква сцена откако во 2013 година добила Оскар за улогата во филмот „Silver Linings Playbook“.

Филмот беше скромен хит на бокс офисот ова лето, заработувајќи 87 милиони долари наспроти буџет од 45 милиони долари.

Сепак, голата сцена не беше тајна. За тоа јавно проговори и самата Џенифер во текот на промоцијата на филмот.

„Сите во мојот живот и мојот тим ја прават вистинската работа и велат: ‘Дали си сигурна?’, ‘Дали си сигурна?’, ‘Дали си сигурна?’“, изјави таа за „Вариети“.

„Не ни размислував на тоа. Ми беше забавно“, рекла Џенифер.

Поврзани содржини