(ФОТО) ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ТУРНА 14 ДИВОГРАДБИ ВО ТЕНЕЌЕ МААЛО На ова место ќе никне парк

На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина - парк.

1,035

Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина – парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите „Ја- Ми”, „Ас машини” и „Градба промет”, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.






Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен. Канделабрите биле донација од компанијата „Кожувчанка”.

– Општина Кавадарци континуирано работи на уште подобро и ново улично осветлување – нагласија од Кабинетот на Јанчев.

Поврзани содржини