(ФОТО) „ОБЛЕЧИ СЕ, МАЈКА СИ, КАКО НЕ ТИ Е СРАМ“ Кејт Хадсон позира топлес и во танга бикини

Кејт Хадсон (44) ги почести своите обожаватели со топлес фотографија на која се сонча покрај базен, а градите ги покри со книга.

6,034

Актерката Кејт Хадсон изминативе неколку дена ужива во убавините на топлото време и редовно споделува фотографии на социјалните мрежи.

Кејт Хадсон (44) ги почести своите обожаватели со топлес фотографија на која се сонча покрај базен, а градите ги покри со книга. На другата фотографија, актерката позира свртена со грб, облечена во танга костим за капење.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

„Облечи се, ти си мајка. Како не ти е срам; Престани да бараш внимание; Биди малку поскромна, сепак имаш ќерка; О, не Кејт, ова не ти требаше“, и напишаа следбениците.

Инаку, на фотографиите се најде и нејзината најмлада ќерка Рани, која ја доби со партнерот Дени Фуџикава (36) во 2018 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)


Кејт има уште две деца од претходните врски.

Постариот син Рајдер (19) го доби со поранешниот сопруг Крис Робинсон (56), а помалиот син Бингам (12) со музичарот Мет Белами (44).

Актерката за нејзиниот однос со различните татковци на нејзините деца зборуваше минатата година за „Сандеј тајм“.

– Можеби однадвор не изгледа традиционално, но внатре имам чувство дека го убиваме. Заедницата што ја создадов со три деца со тројца различни татковци е сериозно силна – рече тогаш таа.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини