(ФОТО) О НЕ, ГО ПРЕДВИДОА ЛИ СИМПСОНОВИ „ИКСОТ“ НА ТВИТЕР? Една објава го врати старото суеверие за серијата
Штетата е веќе направена. Над 26 милиони луѓе го видоа лажниот твит со фотошопираното лого, додека само 77.900 луѓе го видоа подоцнежниот твит потоа каде се објаснува дека вистинскиот икс од серијата не е баш сличен со оној на Илон Маск.
На скриншот од епизода на Симпсонови се чини дека е прикажана апликација на телефонот на Хомер Симпсон означена како „X“. Токму тоа е новото лого на Твитер откако газдата Илон Маск му ѝ „стави крст“ на компанијата! Тогаш, дали Симпсонови пак ја предвидоа иднината?
Се работи за 21. Епизода од 23-та сезона која излегла во етерот во, сега веќе далечната 2012 година. Но, иксот кој го има на сликата не е баш ист со иксот на логото на Твитер.
Nope 😔 pic.twitter.com/a7JnqIKJrE
— 𝙏𝙖𝙠Hugo14 (@trouwduc) July 24, 2023
Ова не ги спречи твитерџиите да ја фотошопираат сликата за иксот од Симпсонови да личи на тој на Твитер и да предизвикаат паника. Сепак, Симпсонови не го предвидоа новото лого!
Штетата е веќе направена. Над 26 милиони луѓе го видоа лажниот твит со фотошопираното лого, додека само 77.900 луѓе го видоа подоцнежниот твит потоа каде се објаснува дека вистинскиот икс од серијата не е баш сличен со оној на Илон Маск.
Предвидувањата за кои имаше најмногу прашина во јавноста досега во Симпсонови се епизодата каде Хомер вози подморница како подморницата „Титан“ која неодамна потона, но и епизодата каде Доналд Трамп станува претседател на САД.