(ФОТО) НОСЕЛА ФУСТАН ТЕЖОК 10 КИЛОГРАМИ Сите погледи во Венеција насочени кон прекрасната бринета

 

572

Во средата свечено беше отворен 80-от по ред Филмски фестивал во Венеција, а „кума“ на овогодишниот спектакл е италијанската актерка Катерина Мурино.

Убавата бринета во средата меѓу првите пристигнала на црвениот тепих на премиерата на филмот „Comandante“, како што се очекувало, а таа блеснала во раскошен фустан.

 







Атрактивната 45-годишна дама избрала да носи креација со потпис на луксузниот моден бренд „Армани“ од колекцијата на висока мода, а таа го прекршила и добро познатото правило на ваквите настани – нема црвени фустани на црвен тепих.

Катерина, сепак, не го испочитувала тоа, но не згрешила, изгледала исклучително елегантно, но и заводливо.

Станува збор за фустан со едноставна форма којшто ги открива рамениците, а од половината до подот се шири во крој „А“, но за гламурот придонеле светкавите детали. Ова ремек-дело од модната куќа „Армани“ тежи 10 килограми.

 


Катерина оставила фустанот да зборува сам за себе, па не претерувала со модните додатоци, но златниот ѓердан во облик на змија сепак бил прекрасен и ефектен детаљ. Таа носела и белегзии и обетки од истиот тој комплет.

Мурино во 2006 година беше Мис Италија, а истата година беше и девојка на Џејмс Бонд во филмот „Casino Royale“, првиот во кој Даниел Крејг ја презеде улогата на познатиот таен агент.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини