(ФОТО) „НИ МИЦКО, НИ СВЕТИ МИЦКО“ Груби облече нова маица со Коридорот 10Д
Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, порача првиот вицепремиер Артан Груби.
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска облече нова маица со натпис „10Д“ на поставувањето на камен-темелник на проектот Коридор 10-д, делница што од Прилеп до Битола ќе ја гради компанијата „Бехтел и Енка“.
– Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај – порача Груби.
Претходно, на 4 април, во знак на Коридорот 8, кога беше удрен првиот камен-темелник во Тетово, Груби беше облечен во маица со Коридорот 8.
-Дојден е крајот на заложништвото на Собранието, на проектите, на иднината на граѓаните на Република Северна Македонија. Ова парламентарно мнозинство, оваа владина коалиција од минатиот петок, па до денес, демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крајот. Дојдено е време од денес да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање. Тоа е веќе започнат проект заедно со премиерот Ковачевски, со партнерите на коалицијата и нема никој да му застане на пат, како нема да му застане на пат ниту на овој проект за изградбата на автопатиштата. Така што спремете се, качете се на овој воз, кој што вози кон Брисел и којшто нема кој да го спречи – рече Груби.