📷 НАЈУРНЕБЕСНАТА МАСКА ЗА „НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ“ Ози Озборн и „голата“ Шерон како Канје Вест и Бјанка Ценсори

Легендарниот хеви метал музичар Ози Озборн (74) и неговата сопруга Шерон (71) за празникот „Ноќта на вештерките“ се маскираа во Канје Вест и Бјанка Ценсори и станаа хит на социјалните мрежи.

511

Легендарниот хеви метал музичар Ози Озборн (74) и неговата сопруга Шерон (71) за празникот „Ноќта на вештерките“ се маскираа во Канје Вест и Бјанка Ценсори и станаа хит на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Канје и Бјанка изминатите месеци предизвикаа револт кај Италијанците со своите бизарни изданија, но и со своето однесување, а Бјанка го привлече вниманието на минувачите кога се појави во оскудна облека облечена во перница која ѝ ги покриваше градите.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Osbourne (@sharonosbourne)


Ози и Шерон Озборн ја рекреирале споменатата сцена, а познатиот музичар се појави завиен во црно исто како и раперот, додека неговата сопруга исто така ги покри градите со огромна перница.

„Најдобар костим за „Ноќта на вештерките досега““, „Растурија“, „Ова е кошмар“, „Канје и Бјанка треба да се поласкаат“ и „Ова е урнебесно“, се само неколку од многуте коментари.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини