(ФОТО) НА МАТИЧНО КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ Ѓорчепетровци со страв ги вадат изводите на родени

Просториите на ова одделение се сместени во руинирана барака која буквално се распаѓа.

1,207

Да извадиш извод од матична книга на родените во Ѓорче Петров е вистинска авантура. Просториите на ова одделение се сместени во руинирана барака која буквално се распаѓа.

До просторијата на матичарот се доаѓа низ ходник кој скоро и да нема покрив. Ѕидовите се покриени со мувлија и мириса неподносливо на влага. Малтерот од таванот секојдневно паѓа и секој што треба да заврши работа тука треба да помине со страв до матичарот.






Граѓаните велат дека со години е така, алармирале, но нема одговор од институциите.

За состојбата говорат и фотографиите кои ги направивме денеска. Веруваме дека одговорните овој пат ќе реагираат и ќе издвојат пари за реновирање на објектот или ќе го преместат одделението во друг објект каде што ќе им обезбедат пристојно место за работа на службениците, а граѓаните нема да се вознемируваат кога ќе треба да завршат работа.

Поврзани содржини