(ФОТО) МОМЧЕ ЗАГИНА НА УЛИЦА ВО ДРАМАТИЧНИТЕ БУРИ ВО НОВИ САД И попладнево се очекува суперќелијско невреме во Србија
Брзата помош пробала да го реанимира детето, но без успех. Момчето загинало од напонот, но обдукцијата ќе покаже дали од гром или од струен удар.
Дванаесетгодишно момче загина во силното невреме што во петокот вечерта го зафати Нови Сад. Како што неофицијално дознава РТС, станува збор за момче кое излегло од куќата околу 18 часот и кога почнало невремето дошло на адресата каде живее неговата тетка.
Се слушнал вресок, а соседите истрчале и го пронашле момчето под прозорецот од зградата, до инсталации за гас, од каде го преместиле додека не дојде брзата помош. Брзата помош пробала да го реанимира детето, но без успех. Момчето загинало од напонот, но обдукцијата ќе покаже дали од гром или од струен удар.
Dvanaestogodišnje dete nastradalo je u Novom Sadu. Hitna pomoć je pokušala reanimaciju. pic.twitter.com/STm0JXsxBA
— Radio 021 (@Radio021) July 21, 2023
Во текот на ноќта во Клиничкиот центар во Војводина биле лекувани 30 пациенти. Од цел Србија областа Војводина ги претрпе најтешките последици од невремето. Посебно беа погодени Бачка Паланка и Нови Сад, а значителни штети беа предизвикани и во Футог, Темерин, Зрењанин, но и во Белград, Пожаревац и други градови во Србија.
Детелинара-Нови Сад. Пао кран! Људи чувајте се 🙏🏻🙏🏻 pic.twitter.com/YXyYe39gIX
— Биљана.М🇷🇸 (@srpkinjabreee) July 21, 2023
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Припадниците на српското МВР од Секторот за вонредни состојби, најмногу интервенции имале во Нови Сад и Бачка Паланка, каде спасиле пет лица, меѓу кои и една жена која работела во киоск на кој паднало дрво, како и две деца кои биле во автомобил кој исто така бил погоден од паднато дрво.
Во населбата Детелинара во Нови Сад падна кран, а на дел од улицата Хајдук Вељкова се урна покривната конструкција на саемот. Улицата сè уште е блокирана за сообраќај.
Метеорологот Слободан Совиљ утрово зборуваше за ТВ Пинк во Србија, посочувајќи дека и денеска се очекуваат невреме и суперклеточни бури.
– Изразувам сочувство до семејството на починатото момче. Несреќите што беа регистрирани вчера ги очекуваме и денеска. Затоа за одредени делови на Србија веќе е издадено највисоко ниво на предупредување. Ова е централниот дел на нашата земја, Срем, Мачва, Подриње, Поморавље… – рече метеорологот.