(ФОТО) МИЛОШ БИКОВИЌ СЕ ВЕРИ СО УБАВАТА ИВАНА Актерот и адвокатката го чекаат своето прво дете
Милош и Ивана веќе две години се во сериозна врска, а неодамна објавија дека ќе станат родители.
Популарниот српски актер Милош Биковиќ, се вери со својата избраничка, црногорската адвокатка Ивана Малиќ.
Милош и Ивана веќе две години се во сериозна врска, а неодамна објавија дека ќе станат родители.
Најпопуларниот актер во регионот и црногорската адвокатка со нетрпение го очекуваат првото дете, а го открија и полот – момче, потврдија неодамна.
View this post on Instagram
Додека го подготвуваат својот дом за наследникот, парот одлучил да се вери. Како што дознава српски „Курир“, тие двајца се вериле пред неколку дена, а поради тоа што се трудат своите животи да ги чуваат подалеку од очите на јавноста не го експонирале тоа јавно.
„Познато е дека Милош не сака јавно да ги изнесува деталите од приватниот живот. Тој сака да го избегне вниманието, еуфоријата и чинот на венчавка да биде реализиран во строга тајност. Откако Ивана е бремена, тие двајца разговараат на тема официјално да стапат во брак, а тоа ќе се случи пред да станат родители. И едниот и другиот се усогласиле дека најдобро е информациите за интимниот чин да ги споделат со своите пријатели и јавноста дури откако ќе завршат“, рекол изворот.
View this post on Instagram
Биковиќ избрал многу убав прстен, а неговата избраничка се пофалила со истиот на социјалната мрежа Инстаграм. Таа позирала пред ноќно огледало со маска за лице, а на фотографијата јасно е воочлив и нејзиниот веренички прстен.
View this post on Instagram