(ФОТО) МИГРАНТИ ОД КОНГО И ОД АВГАНИСТАН ФАТЕНИ НА „БОГОРОДИЦА“ Не им успеал планот за преминување на границата

На граничната царинска испостава Богородица, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, пријавено за транзит, биле пронајдени 5 мигранти без документи за идентификација.

174

Мобилните тимови на Царинската управа спречија нелегален влез на мигранти во државава, информираше Царинска управа преку соопштение.

„Имено, на ден 14.4.2023 година, на граничната царинска испостава Богородица, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, пријавено за транзит, биле пронајдени 5 мигранти без документи за идентификација. При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови, биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и од Авганистан. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за нивна понатамошна постапка“, информираше Царина.

Поврзани содржини