(ФОТО) МИЦКОСКИ ПРИРЕДИ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА Членовите на партијата, пријателите и дел од пратениците седнати на иста трпеза

Претседателот на ВМРО-ДПНЕ посака големите празници да донесат мир и спокој, обединување и радост.

400

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христојан Мицкоски, синоќа организираше ифтарска вечера за членовите на партијата и за пријателите од исламска вероисповед.

„Во време кога припадниците од исламската вероисповед го слават месецот Рамазан, ми беше особена чест да организираме Ифтарска вечер за нашите членови и пријатели од исламска вероисповед. Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук прифил.






Претседателот на ВМРО-ДПНЕ посака големите празници да донесат мир и спокој, обединување и радост.

Мицкоски објави и фотографии од ифтарската вечера, на која присуствувале и потпретседателите на партијата Владо Мисајловски и Александар Николоски, пратениците Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска…

Поврзани содржини