(ФОТО) МАРГО РОБИ ГО ПОКАЖА ИЗВАЈАНОТО ТЕЛО НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА Обожавателите се одушевени од прирордниот изглед на „Барби“
Австралиската актерка во бел костим за капење го покажа своето младешко лице и завидна фигура.
Обожавателите на Марго Роби (33) се воодушевени од нејзиниот природен изглед откако беа објавени фотографии на кои таа и сопругот Том Акерли уживаат на плажа во Грција. Австралиската актерка во бел костим за капење го покажа своето младешко лице и завидна фигура.
View this post on Instagram
„Импресивно, беспрекорно и природно, ваков костим за капење носи ѕвезда со класа. Без силикони и ботокс“, „Можете да ѝ ги видите брчките на челото кога ќе се намршти, што значи дека нема ботокс… колку освежувачко“, „Таа е природно убава“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Инаку, Марго и нејзиниот сопруг – продуцент кој стои зад најголемиот летен хит е на заслужен одмор. Таа би требало да заработи околу 50 милиони долари од филмот „Барби“, и во плата и во бонуси на благајните, тврдат лица запознаени со нејзиниот договор, пренесува „Вариети“.
ФОТО: Инстаграм