(ФОТО) МАЈКАТА НА МАЈЛИ САЈРУС СЕ ОМАЖИ ЗА СЛАВНИОТ АКТЕР Пејачката беше една од деверушите на раскошната венчавка

Мајката на пејачката и актерка Мајли Сајрус, Тиш Сајрус (56), викендов се омажи за актерот Доминик Пурсел (53). Мајли, нејзината сестра Бренди и братот Трејс, одиграа важни улоги на свадбата.

303

Мајката на пејачката и актерка Мајли Сајрус, Тиш Сајрус (56), викендов се омажи за актерот Доминик Пурсел (53). Мајли, нејзината сестра Бренди и братот Трејс, одиграа важни улоги на свадбата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tish Cyrus (@tishcyrus)







Фоторепортерите успеаја да снимат фотографии од венчавката во Малибу. Тиш и Доминик решиле да се венчаат по само една година врска. Во 2021 година, Тиш се разведе од таткото на нејзините пет деца, Били Реј Сајрус, со кого беше во брак речиси 30 години. Во текот на три децении, парот неколкупати бил на работ на развод, но успевале да се смират.

Овојпат немало спас – таа го поднела барањето наведувајќи ги како причина „непомирливите разлики“. Тиш ја започна врската со ѕвездата на „Prison Break“ во јули минатата година, три месеци по завршувањето на разводот, а дека се свршиле објави во април оваа година на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


И поранешниот сопруг продолжил понатаму и моментално е свршен со пејачката Фирероз. Зад Персел има еден брак, со Ребека Вилијамсон, со која има четири деца. По разводот во 2008 година, тој беше во неколку долги врски, но оваа со Сајрус беше првата која кулминираше со свадба.

Свадбата била мала, во кругот на најблиското семејство и пријателите. Невестата носела раскошна венчаница без прерамки и со долг превез, младоженецот бил во опуштена комбинација, летна кошула и панталони. Сите детали – од свеќите до букетите и ливчињата кои беа расфрлани насекаде, украсите и кошулите на младоженците, биле бели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JastrzabPost.pl 🦅 (@jastrzabpost.pl)


Деверушите имале различни фустани во боја на мраз, а Мајли се одлучила за миди фустан со „едно рамо“, косата ја пуштила и избрала брановидна фризура. Пејачката, покажуваат фотографиите, била видно емотивна додека ги следела заветите на својата мајка и нејзиниот избраник.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ChismologíaAZ ® (@chismologiaaz)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na