(ФОТО) ЛАЗАР РИСТОВСКИ Е ВО ВРСКА СО 39 ГОДИНИ ПОМЛАДА КОЛЕШКА Парот една година тајно ужива во љубовта
Лазар и Аница имаат една заедничка фотографија на Инстаграм, а Аница му изјавила љубов на актерот во декември минатата година, а тогаш никој не се ни посомневал дека станувало збор за Лазар.
Српскиот актер Лазар Ристовски ја потврдил врската со колешката Аница Лазиќ, а како што пренеле српските медиуми, парот една година ужива во љубовта, а врската ја криеле од очите на јавноста.
Лазар и Аница имаат една заедничка фотографија на Инстаграм, а Аница му изјавила љубов на актерот во декември минатата година, а тогаш никој не се ни посомневал дека станувало збор за Лазар.
„Те сакам, Л“, напишала Аница пред речиси една година.
Аница има 31 година, актерот 70 години, тој е неверојатни 39 години постар од својата партнерка.
View this post on Instagram
Ристовски за српските медиуми ја потврдил врската со младата колешка.
„Вистина е, заедно сме. Не би додал ништо повеќе. Аница ја запознав многу подоцна и нема никаква врска со разводот. Ви благодарам“, изјавил Лазар Ристовски за „Блиц“.
View this post on Instagram
Ристовски потоа зборувал и за „Курир“, а на прашањето дали планира да се ожени со Аница, тој мистериозно одговорил:
„Не би имал што да додадам повеќе, сè е кажано“, кратко одговорил познатиот актер.
ФОТО: Инстаграм