(ФОТО) КОЈ РЕЧЕ ДЕКА КИЧЕВО НЕМА ОТВОРЕН БАЗЕН? Младите од ВМРО-ДПМНЕ претворија улица во плажа
„Кој рече дека Кичево нема Базен од отворен тип? Благодарение на ажурноста на локалната самоуправа предводена од загрижениот ни Фатмир Дехари ние од Унијата на млади сили - Кичево вечерва имавме прилика да уживаме во ЕУ вредности“, наведено е во објавата.
„Кичево доби луксузен базен од отворен тип“. Вака се шегуваат членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, кои синоќа ги искористиле вировите на улиците во градот за да направат герила акција и да постават чадори за сонце, гуми за пливање и секакви летни реквизити…
„Кој рече дека Кичево нема Базен од отворен тип? Благодарение на ажурноста на локалната самоуправа предводена од загрижениот ни Фатмир Дехари ние од Унијата на млади сили – Кичево вечерва имавме прилика да уживаме во ЕУ вредности“, наведено е во објавата.