(ФОТО) КЕЈТ МИДЛТОН ГИ ПОКАЖА ИЗВАЈАНИТЕ МУСКУЛЕСТИ НОЗЕ Принцезата ги одушеви Британците, интернет „гори“ од коментари
Принцезата Кејт ги покажа своите мускулести нозе и го засени остатокот од кралското семејство.
Принцезата Кејт Мидлтон од завчера е тема на британските таблоиди откако ги покажа своите мускулести нозе во текот на церемонијата по повод државната посета на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол.
View this post on Instagram
Принцезата од Велс излегувајќи од автомобилот во црвен фустан покажа повеќе од вообичаено, а луѓето на социјалните мрежи не престануваат да ги коментираат нејзините нозе.
„Денеска беше ревија на нозете на Кејт“, „Кејт ги извади нозете“, „Ова се нозе на убиец“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Кејт вечерта ги одушеви Британците со нова дијадема во својата колекција, каква што не е видена во последните 90 години.
Кралот Чарлс одржа свечена вечера во Бакингемската палата во чест на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој во моментот е во тридневна државна посета на Велика Британија.
Принцезата блесна на настанот во бел фустан од една од нејзините омилени дизајнерки Џени Пакам. Стајлингот го комплетираше со драматични ракавици и дијадема.
Станува збор за дијадемата Starthmore Rose која принцезата Кејт ја носи за првпат, а последен пат ја носела Кралицата мајка во 1930 година. Кралицата мајка ја добила како свадбен подарок во 1923 година. Со дијадемата, принцезата Кејт искомбинирала обетки кои и припаѓале на покојната кралица Елизабета.
View this post on Instagram
Кејт со новата дијадема во својата колекција ги одушеви Британците и јасно е дека принцезата ги засени сите останати членови на кралското семејство.
ФОТО: Инстаграм