(ФОТО) „ИЗВОЈУВАВМЕ УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА“ Арсовска се испофали на Фејсбук со фотографии од празни контејнери

Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана, порача скопската градоначалничка Данела Арсовска.

978

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска се огласи на својот Фејсбук профил и сподели фотографии од празни контејнери за отпад.

Таа порача дека состојбата со ѓубрето се нормализира.






„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор“, напиша Арсовска.

Поврзани содржини