(ФОТО) ИЗГЛЕДА ПОДОБРО ОД КОГА БИЛО! Адријана Лима се врати и ги полуде обожавателите со вонсериската убавина

Познатата бразилска манекенка Адријана Лима со неодамнешна фотографија на Инстаграм покажа како течат подготовките за новата кампања на брендот „Викторијас сикрет“.

936

Познатата бразилска манекенка Адријана Лима со неодамнешна фотографија на Инстаграм покажа како течат подготовките за новата кампања на брендот „Викторијас сикрет“.

Да потсетиме, пред една недела Адриана Лима го одбележа своето грандиозно враќање во манекенската кариера. Во меѓувреме, таа го роди третото дете. Потоа со видео објавено на споменатата мрежа откри дека повторно е заштитно лице на најпознатиот бренд на долна облека за жени, а позитивни беа и реакциите на нејзините многубројни следбеници.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)


Таа во неодамнешната компилација на фотографии покажа како течат подготовките за најновата кампања на брендот „Викторијас сикрет“, а од приложениот материјал можеме да видиме дека Адријана блеска.

Бразилскиот модел предизвика ерупција од воодушевување на Инстаграм со својата долга раскошната коса. На оваа објава веднаш реагираа нејзините колешки-манекенки, но коментари оставија и познати личности од различни сфери на јавниот живот.

„Се врати и изгледа подобро од кога било“, коментирала пејачката Рита Ора.

„Ваууу“, додаде една од најбараните манекенки на денешницата Џиџи Хадид.

 

Поврзани содржини