(ФОТО) ИРИНА ШАЈК ЛЕТУВА ВО ИТАЛИЈА СО ПОРАНЕШНИОТ БРЕДЛИ КУПЕР Манекенката воодушеви со фотографиите на кои е топлес
Топ моделот Ирина Шајк (37) летува со поранешниот партнер, актерот Бредли Купер (48) и нивната ќерка Леа де Сиена (6), а своите обожаватели ги почести со жешка фотографија.
Топ моделот Ирина Шајк (37) летува со поранешниот партнер, актерот Бредли Купер (48) и нивната ќерка Леа де Сиена (6), а своите обожаватели ги почести со жешки фотографии.
Ирина позира топлес, облечена само во долниот дел од црниот костим за капење, оставајќи ги патиките на нозете. Таа позирала на карпите, а градите ги покрила со рацете.
View this post on Instagram
„Карпесто лето“, напишала руската манекенка, додека обожавателите го пофалија нејзиното тело, велејќи и дека е вистински топ модел и една од најубавите жени во светот.
Многумина се запрашаа и каде е Том Брејди, поранешната НФЛ ѕвезда, со која Ирина наводно е во романтична врска. Сепак, Ирина изгледа ужива во друштвото на поранешниот свршеник. Заедно отишле на возење со брод, а поранешната манекенката и актерот биле мошне расположени и насмеани, пишува „Пејџ сикс“.
Ова не е првпат Ирина и Бредли да изгледаат како среќен пар. Папараците кон крајот на минатата година ги фатија како заедно го шетаат кучето. Тие беа прегрнати, па многумина се посомневаа дека повторно се заедно. Ирина неретко го објавува Бредли и на своите профили на социјалните мрежи.
Меѓу фотографиите од одморот во Италија што ги објави Ирина својот Инстаграм, се најде и онаа на која Бредли Купер се сонча.
Да потсетиме, парот раскина во 2019 година по четири години врска. Руската убавица пред Бредли беше во врска со познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (38).
ФОТО: Инстаграм