(ФОТО) ИРИНА ШАЈК И БРЕДЛИ КУПЕР ЗАЕДНО НА ОДМОР ВО ВЕНЕЦИЈА На славниот пар друштво му прави мајката на актерот
Папараците ја снимиле поранешната двојка Бредли Купер и Ирина Шајк во Венеција. Тие биле на брод со нивната ќерка Ли Де Шејн и мајката на Бредли, Глорија Купер.
Папараците ја снимиле поранешната двојка Бредли Купер и Ирина Шајк во Венеција. Тие биле на брод со нивната ќерка Ли Де Шејн и мајката на Бредли, Глорија Купер.
Бредли и Ирина биле многу располижени и цело време насмеани за време на патувањето, а актерот во еден момент ја прегрнал својата поранешна партнерка. По возењето со брод отишле на ручек.
View this post on Instagram
Манекенката пред неколку дена откри дека била на одмор со своето поранешно момче. Таа објави фотографија на која Купер лежи без кошула на кајак. Шајк и Купер не се заедно четири години, а откако раскинаа заедно ја чуваат ќерката Леа. Во неколку наврати се шпекулираше дека парот се смирил, но двајцата никогаш не најавија обнова на врската.
Ирина неодамна беше снимана со Том Брејди, а еден гостин во ресторан рекол дека уживале во „приватна и затворена за јавноста“ вечера за двајца во Суши Азаб во населбата Трибека во Њујорк.
„Имав суши вечера и додека го завршував оброкот, влезе Том Брејди. Вработените веднаш го придружија спортистот во посебна, приватна соба. Неколку минути подоцна, додека бев надвор и разговарав со пријателите, ја видовме и Ирина како влегува во споменатата просторија“, рекол изворот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм