(ФОТО) ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ПОВОРКАТА СЕ ЗБОГУВААТ СО ШИНЕЈД О’КОНОР Ожалостените ставаат цвеќиња и пораки
Погребното возило со ковчегот патува долж брегот на градот Бреј, а ожалостените поставуваат цвеќиња на покривот. Предвидено е погребната поворка да помине покрај куќата во која О'Конор живеела 15 години.
Илјадници луѓе се простуваат од ирската пејачка Шинејд О’Конор, која почина на крајот на јули.
Погребното возило со ковчегот патува долж брегот на градот Бреј, а ожалостените поставуваат цвеќиња на покривот. Предвидено е погребната поворка да помине покрај куќата во која О’Конор живеела 15 години.
Улиците се полни со обожаватели и пријатели кои сакаат да и оддадат почит на пејачката.
Погребното возило го следи комбе од кое се слушаат песните на починатата пејачка.
Откако луѓето ќе и оддадат почит, Шинејд О’Конор ќе биде погребана на приватна погребна церемонија на која ќе присуствуваат само блиските пријатели и семејството, пренесува „Индепендент“.
Потсетуваме, познатата ирска пејачка почина на 56-годишна возраст. Таа стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна обработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се „This is the Day“, „Thank You For Hearing Me“, „This is a Rebel Song“ и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.
ФОТО: Инстаграм