(ФОТО+ВИДЕО) ХРВАТСКА ЗАГЛАВИ СО ПОПЛАВИТЕ, РЕКИТЕ ПОРАСНАА ПО НЕКОЛКУ МЕТРИ Граѓаните се плашат од тоа што може да се случи утревечер

Реката Зрмања порасна за 3,02 метра. Корана веќе се изли од своето корито. Купа и Корана растат 2 или 3 см на час. Купа нараснала за 826 сантиметри. Водата навлегува во куќите и во зградите. Дрвен пешачки мост беше однесен во Долна Стубица. Во Жажина нема војска, нема пожарникари, нема вреќи за подигање на насипот.

1,234

Дури за 8 метри вода, односно 826 сантиметри нарасна реката Купа во Карловац во Хрватска. Неколку градови се борат со жестоки поплави. Во Костајница е прогласена вонредна состојба, поплавен е и Грачац. Додека Уна и Сава растат се смета дека најкритично ќе биде во четврток вечер.

– Работевме цела ноќ и ни доаѓаат нови сили. Се креваат насипи и доаѓаат нови пумпи. Меѓутоа, Уна извира и низ канализацијата и асфалтот – рече Петар Прпиќ , командант на хрватската противпожарна бригада на Костајница.






Реката Зрмања поранса за 3,02 метра. Корана веќе се изли од своето корито. Купа и Корана растат 2 или 3 см на час.

– Во Петриња се полнат вреќи, се надградуваат насипи, во местото на терен има 100 војници. Сѐзависи од бранот (кој доаѓа) од правец на Карловац – изјави за Н1 градоначалничката на Петриња Магдалена Комес.

Нови бранови дождови во Хрватска се очекуваат и од Словенија.

Водите однесоа и дрвен пешачки мост во Долна Стубица, а мештаните објавија снимка.

 

Состојбата во Жажина, која лежи на реката Купа, не е добра, дознава Јутарни Лист од локалниот жител Ивица Рибиќ. Селото во општина Лекеник на повеќе места е отсечено. Викендичките во кои никој не живее поплавени. Тој се пожали дека во Жажина нема војска, нема пожарникари, нема вреќи за подигање на насипот.

 

Под вода се селата Куљани, Унчани и Замлаќа, поплавени куќи. Припадниците на ХГСС, станица Новска, се упатуваат до нив со моторен чамец. Дождот постојано врне, а водостојот се зголемува, дознава Јутарни лист од извори во Општината.

Сообраќајот е во прекин на бројни патишта.

Водостојот на Уна се зголемува и возводно од Хрватска Костајница, во Струга Банска и Добретин, како и низводно сè до устието на Сава во Јасеновац, кој достигнал водостој од 837 сантиметри и каде вонредната заштита од поплави мерки се во сила.

И покрај целоноќната битка со надојдената Уна, насипите не можеа да го издржат притисокот на водата во некои делови.

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ рече дека одлучил од 15 мај хрватските војници кои се ангажирани во одбраната од поплави во областите на окрузите Сисак-Мославина и Карловац да добијат 100 отсто зголемување на нивната компензација.

Поврзани содржини