(ФОТО) „ХАРИ ПОТЕР“ ИЗНЕНАДИ СО СВОЕТО МУСКУЛЕСТО ТЕЛО Даниел Редклиф ги покажа стомачните позирајќи во гаќи
Британскиот актер Даниел Редклиф (34) е најпознат како магионичарот од франшизата „Хари Потер“, а го паметиме како слабиот и низок ученик, па затоа неговите обожаватели ги шокираше неговата трансформација.
Британскиот актер Даниел Редклиф (34) е најпознат како магионичарот од франшизата „Хари Потер“, а го паметиме како слабиот и низок ученик, па затоа неговите обожаватели ги шокираше неговата трансформација.
Поминаа 12 години откако Даниел Редклиф го затвори децениското поглавје од кариерата и животот во кое беше претставен Хари Потер.
Даниел се најде во главната улога во серијата „Miracle Workers“ на која е и продуцент. Во секоја сезона, актерот глуми друг лик – во првата беше ангел, потоа принц, свештеник, а во новата сезона е воинот Сид, кој живее во апокалиптичен свет кој настанал по нуклеарна катаклизма.
Додека приказната звучи интересно, на многумина им паднал в очи еден друг детаљ – Редклиф за оваа улога го покажал своето мускулесто тело, во сцена во која неговиот лик Сид е облечен само во бели гаќи.
View this post on Instagram
Многумина коментирале дека никогаш не го виделе ваков и дека сигурно работел со добри тренери и вложил многу труд за да стигне до ваквата фигура.
Инаку, Даниел неодамна зборуваше за телевизиската серија за Хари Потер, која би требало да се емитува во 2025 или 2026 година. Тој откри и дека нема да има улога во серијата.
– Колку што разбрав, тие сакаат да почнат од почеток и сигурен сум дека авторите ќе сакаат да остават свој белег и веројатно нема да смислуваат како да го вклучат стариот Хари во некоја мала улога. Дефинитивно не го барам тоа на било кој начин. Но, секако, им ја посакувам сета среќа на светот и многу сум возбуден што штафетата е успешно предадена. Мислам дека не е потребно и физички да ја предадам – изјави пред извесно време за „КомикБук“.