(ФОТО) ГРУБИ И СО ОБЛЕКАТА ПОКАЖА КОЛКУ МУ Е ВАЖЕН КОРИДОРОТ 8 Носи маица со број 8 и ленти од автопат

Настанот кој е во тек се одржува на првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар.

2,527

Вицепремиерот Артан Груби се појави со интересен аутфит на денешната свеченост по повод стартот на изградбата на патниот Коридор 8. Носи маица на која се исцртани линии за патни ознаки за „дозволено престигнување“ и „лента за застанување“. На лентата е испишана и бројката 8, која го симболизира коридорот 8.

Настанот кој е во тек се одржува на првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар.






Изградбата на патниот Коридор 8, што ќе го гради конзорциумот на „Бехтел“ и „Енка“, ќе чини 1,3 милијарди евра.

Груби, кој го предводи Комитетот за изградба на коридорите 8 и 10 Д по специјалниот закон за „Бехтел“ и „Енка“, неодамна изјави дека многу му е поважно да се памети по изградбата на овој автопат отколку да биде прв премиер Албанец.

Поврзани содржини